Почетна Вести Европа Архимандрит на УПЦ-МП тврди: Томосот за автокефална црква во Украина веќе е напишан
Архимандрит на УПЦ-МП тврди: Томосот за автокефална црква во Украина веќе е напишан

Архимандрит на УПЦ-МП тврди: Томосот за автокефална црква во Украина веќе е напишан

239
0

Архимандритот Кирил Говорун, клирик на Украинската Православна Црква – Московски Патријархат и професор на Универзитетот во Лос Анџелес, во интервју за украинскиот “Петти канал” изјави дека Томосот за автокефалноста на Украинската црква веќе е напишан.

-Томос (документот) веќе е подготвен. Напишан е. Јас дури и знам кој го напишал. Го напиша мој учител на Универзитетот во Атина, каде што студирав пред неколку години. Тој е еден од најдобрите канонисти во православниот свет. Би рекол дека е брилијантен канонист. И текстовите што тој ги пишува канонски се совршени. Затоа, мислам дека томосот ќе биде извонреден документ во канонските однос и кон него нема да може да бидат изразени никакви претензии, изјавил свештеникот на УПЦ-МП, кој практично е дел од црквата во Украина која има автономен статус под Московската Патријарпија.

Тврдењето на украинскиот клирик и научник, кој е познат по своите погледи дека Украинската црква треба да биде автокефална во управувањето доаѓа во период на се поголеми тензии меѓу Московската и Цариградската патријаршија.

Пред неколку дена Свветиот Синод на Украинската Црква (МП) излезе со соопштение во кое имаше и закани дека доделувањето на автокефалност во Украина го оцени како “закана за националната безбедност” на земјата.

Според членовите на Украинскиот синод, евентуален Томос на Вселенска Патријаршија ќе доведе до создавање на четвртата црковна структура во земјата, “што ќе го подели уште повеќе нашиот народ, можеби и засекогаш”.

/Двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *