Почетна Вести Христијанство Архимандрит на СПЦ гостин на именденот на Партениј во Бигорски
Архимандрит на СПЦ гостин на именденот на Партениј во Бигорски

Архимандрит на СПЦ гостин на именденот на Партениј во Бигорски

820
0

Архимандритот г. Доситеј од Српската православна црква и уште две монахињи и еден свештеник биле гости на именденот на Епископот Антаниски  г. Партениј, вчера и завчера. Гостите од СПЦ биле два дена во Бигорски и можеле да го видат величественото чествување на празникот на Свети Партениј Лампсакиски, чие име го носи Игуменот на Бугорската Обител.

Г. Доститеј е познат духовник од манатирот Гргетег во Сремската епархија.

Посебна чест и достоинство за нас беше присуството на почитуваниот и познат Старец и духовник од српскиот манастир Гргетег, Неговото Високопреподобие г. Доситеј, кој допатува во Бигорски со уште еден свој собрат свештеник и две сестри монахињи, за да бидат и тие причесници на нашата голема радост. Меѓу гостите, на наше големо задоволство, беше и почитуваниот Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, велат од Бигорски.

Ова не е прв пат во Бигорски да има гости од други цркви за значајни настани. Бигорски негува пријателства со повеќе православни цркви, вклучувајќи ја Вселенската Патријаршија, Црквата на Грција, Црквата на Бугарија, Црквата на Албанија, Антиохиската Патријаршија и др.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *