Архиепископот Стефан служел Литургија за Преображение во манастирот Зрзе. Овој празник воедно е и славата на манастирот.
На големата манастирска слава сослужувале и Митрополитите Препанско-пелагониски Петар и Дебарско-кичевски Георгиј и Епископите Хераклејски Климент и Велички Никола.







