Архиепископот Стефан е поставен за Местобљустител (чувар, администратор) на Дебарско-кичевската епархија и на Австралиско-Сиднејската епаехија, дознава Религија.мк, од високи извори во Синодот на МПЦ-ОА.
Поглаварт ќе управува со двете епархии по смртта на владиката Тимотеј во следните 40 дена.
Одлуката била донесена на денешната вонредна синодска седница во работен состав, во кој покрај Архиепископот и Владиката Петар, на местото на покојниот Тимотеј (кој беше член на ова тело), присуствувал владиката Агатангел, како заменски член.
Синодот на МПЦ-ОА денеска издаде и соопштение по синодската седница, но за оваа одлука не извести.
Религија.мк, испрати прашања до секретарот на Кабинетот на Архиепископот Стфеан за потврда, или димент на информацијата, но досега не доби никаков одговор.

