Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан во Ватикан не се виде со Папата, но разговарал со Кардиналот за промовирање на црковното единство
Архиепископот Стефан во Ватикан не се виде со Папата, но разговарал со Кардиналот за промовирање на црковното единство

Архиепископот Стефан во Ватикан не се виде со Папата, но разговарал со Кардиналот за промовирање на црковното единство

1.25K
0

Црковната делегација на МПЦ-ОА, предводена од Архиепископот Стефан, иако немаше официјална средба со Папата Франциск, поради неговата здравствена состојба, сепак таа била примена од претставници на Ватиканските власти.

За време на престојот во Ватикан Поглаварот на МПЦ ОА бил примен од кардиналот Курт Кох, префект на дикастеријот за промовирање на црковно единство, претходно тело именувано како „Папски совет за промовирање на христијанското единство“. Официјално соопштение за што се разговарало нема, но сепак, со оглед на соговорникот од Ватикан, неизбежна тема било црковното единство во христијанскиот свет.

Вчера пак во Ватикан, македонската амбасада при Светата столица организирала прием во чест на неговото Блажество г.г. Стефан, Архиепископ на МПЦ-ОА. На свеченоста присуствувале амбасадори и други дипломатски преставници на странски држави во Ватикан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *