МПЦ-ОА одбележа 50 години од основањето на првите македонски црковни општини во Западна Европа. Главниот настан беше во Шведска, каде на покана на Митрополитот Европски Пимен бил Архиепископот Стефан.
Литургијата за педесетгодишнината од основањето на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Малме, била во сослужение на Архиепископот Стефан со Епископот Британско-Скандинависки г. Доситеј од Српската Православна Црква, и свештеници од Романската и од Српската црковна општина во Малме,.
– неговата околина, како и претставници на МПЦО „Св. Климент Охридски“ од Копенхаген, Данска. По Божествената Литургија се одржа и Свечен прием по повод годишнината. На свеченоста присуствуваа и видни личности од политичкиот и верскиот живот на Шведска, меѓу кои и: вршителот на должноста амбасадор на Република Македонија во Шведска, Н.Е. Стојанче Китаноски, претставникот на градот Малме г. Садат Ариф, главниот свештеник за градот Малме на Шведската црква г-ѓа Гунила Халостен, претставникот на Бискупот од Лунд свештеник Јан-Олоф Агедал, соопшти Скопската епархија.
Посетата на Швеска, Архиепископот Стефан ја искористил и за средби со шведските држави и локални власти.
