Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан во името на МПЦ-ОА испрати сочувство за епископот на СПЦ Лаврентиј
Архиепископот Стефан во името на МПЦ-ОА испрати сочувство за епископот на СПЦ Лаврентиј

Архиепископот Стефан во името на МПЦ-ОА испрати сочувство за епископот на СПЦ Лаврентиј

512
1

Архиепископот Охридски и Македониски г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство за смртта на Шабачкиоит епископ г. Лаврентиј, до Патријархот на СПЦ, г.г. Порфириј.

-Ваша Светост, Особено Нѐ оскрби жалната вест за упокојувањето на Преосветениот епископ Шабачки, Лаврентиј. Затоа, дозволете ми во Наше име, во името на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на свештенството, монаштвото и на сите верни чеда, да изразиме искрено сочувство и братско сострадание во болката на сестринската Српска православна црква, на Шабачката епархија и на сите коишто го почитуваа Епископот Лаврентиј. Неговата богољубива личност и неговото црквољубиво и родољубиво дело, неговата „безусловна оддаденост на Црквата, на нејзиното устројство, на поредокот и на единството“, како што нагласи Вашата Светост, го покажа овој јерарх Христов како пастир добар, посветен богослужител, богољубив, човекољубив и смирен монах, грижлив отец за доверената паства… Господ Исус Христос, Кој е воскресение и живот, нека ја упокои душата на новопретставениот Епископ Лаврентиј во место добро, место блажено, место мирно, таму каде што се упокојуваат праведниците – во населбите на Авраама, меѓу хоровите на светителите… Бог да го прости и нека му дарува Царство Небесно!, пишува  Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан до Неговата Светост, Архиепископот Пеќски, Митрополит Белградско-карчовачки  и Патријарх Српски г. г. Порфириј.

Коментар(1)

  1. Ispratil telegram na sočustvo, Bože Gospode, da se krsti čovek i so leva i so desna raka

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *