Почетна Вера Архиепископот СТЕФАН: Свети Климент е бранителот на нашиот идентитет

Архиепископот СТЕФАН: Свети Климент е бранителот на нашиот идентитет

518
0

Македонската православна црква го почна чествувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климет Охридски, осоновополжник на Охридската Архиепископија, денес возбновена во лицето на Македонската православна црква.

Централниот настан е утре на празникот Собор на сите македонски светители што традиционално секоја година се слави. Годинава во црквата Света Софија Синодот на МПЦ ќе отслужи Света архиерејска литургија.

sv-2Вечерва во црквата на Плаошник беше отслужена вечерна богослужба, а потоа во Црквата Света Софија и свечена академија.

Пред верниците и гостите во Охрид свое обраќање имаше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, кој акцент стави врз животот и делото на патронот на Охрид и МПЦ, Свети Климент Охридски, во годината кога се одбележуваат 11 века од неговото упокјојување.

Поглаварот на МПЦ Стефан забележа дека многупати е многустрано е зборувано за Свети Климент Охридски. Тој истакна дека личноста на отецот Климент и неговото дело се постојан предизвик и за духовниците, и за славистите, и за филозофите, и за историчарите на уметноста, и за учителите и учениците – за сите возрасти и сите генерации.

– Многу е напишано, веројатно илјадници и илјадници страници, многу е говорено – стотици и стотици слова… Но и многу податоци ќе се кажат и напишат, ќе се истражуваат и откриваат и секогаш ќе има уште нешто да се докаже, донапише, дорече. Но, сето претходно споменато не ја одразува доволно длабочината на Климентовата личност, и на неговото дело, туку тоа е нешто друго, нешто што ќе ги надмине и времето и вековите и ќе остане да посведочи во вечноста, истакна тој.

Архиепископот Стефан забележа дека она што Свети Климент го прави секогаш современ и близок на сите генерации тоа што себеси се врзал со вечниот Христов идеал – да му служи и на Бога и на народот.

sv– Како генерација имаме благослов  да одбележуваме многу значаен спомен – 1.100 години од блаженото упокојување на Свети Климент. Да го цениме тоа што го имаме, тоа што е наше и тоа што сме ние. Имаме голема одговорност, а ова наше повеќемилениумско преданиене обврзува да одиме по вистински пат. Благодарение на молитвите на Свети Климент, нашите претшественици ја воскреснаа и македонската држава и Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, го устроија државниот, духовскиот, административниот и образовниот живот, рече меѓу другото поглаварот Стефан.

Забележувајќи дека многу е направено, поглаварот на МПЦ истакна дека секогаш може и треба да се направи уште повеќе.

– Во тоа дело треба да се вложиме сите а тоа најдобро ќе го направиме слушајќи ги поуките на напиот свети Климент… И денес во личноста на Климент го имаме најголемиот чувар на верата и моралот, најсилниот сведок за нашите права и бранителот на народната свест, име и идентитет, најревносниот просветител и учител, апостол, молитвеник и духовник, истакна г.г. Стефан, нагласувајќи дека примерот на Свети Климент и после 11 столетија останува мерило за вистинските вредности.

Во рамки на вечерашното духовно славје Архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан во име на Светиот арихиерејски синод на МПЦ ордени „Свети Климент Охридски“ од прв ред им врачи на протопрезвитерите, проф. д-р. Јован Таковски и Петар Јорданов, професор на Богословскиот факултет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *