Почетна Вера Архиепископот Стефан повика на запирање на кризата и поделбите на Македонците

Архиепископот Стефан повика на запирање на кризата и поделбите на Македонците

135
0

stefan sobporeПоглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан во името на МПЦ повика на обединување на Македонците во овие велигденски денови и запирање на политичката криза во државата.

Во честитката за Велигден, Архиепископот вели дека нема поблагословен ден од Велигден и затоа од името светата Македонската православна црква, повикува на единство и мир меѓу Македонците.

-Само со искрена вера и меѓусебна љубов, ќе можеме да одговориме на сите предизвици. Па да се молиме, Бог да ги запре недоразбирањата, немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние коишто страдаат, и насекаде и во секого да воскреснат и завладеат правдата и вистината, вели Поглаварот на МПЦ во честитката до верниците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *