Почетна Вера АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН: Нашиот народ знае дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо

АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН: Нашиот народ знае дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо

115
0

-Возљубени, нашево време, за жал, изобилува со недоразбирања, судири и страдање. Доброто, љубовта и вистината се потиснати од злото, користољубието и омразата. Крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон Бога, Кој е единствениот пат, вистина и живот. Нашиот народ знае дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знае дека богољубието и братољубието се двете основни правила по кои треба да постапуваме. А, многупати се потврдило дека само кога со едномислие чекориме во вистината Божја, и кога сме сплотени – имаме напредок; дека чесноста, вистината и правдата се добродетелите со кои најдобро можеме да се бориме против сите непријатели.

Оваа година, како Црква и народ ја одбележуваме 50-годишнината од воскресението на нашата древна Мајка, Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Таа богоугодна и народољубива одлука на нашите претшественици од 1967 година, ќе ја одбележиме молитвено и со свечености во сите наши епархии и институции, ќе канонизираме богоугодници од нашиот род, и ќе се потсетиме на оние кои се вградија во воскресенското дело. Со Божја помош, да продолжиме устремени до конечното прифаќање на нашата Македонска меѓу помесните православни Цркви. Христос воскресе!, стои во велигденска порака на поглаварот на МПЦ., г.г. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *