Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан: Ја поканивме Бугарската црква заедно да го чествуваме јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

Архиепископот Стефан: Ја поканивме Бугарската црква заедно да го чествуваме јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

235
3

Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан потврди дека МПЦ испратила покана до Бугарската православна црква и Патријархот Неофит за учество во одбележувањето на 1000 годишнината од Охридската Архиепископија, што на 28 мај ќе се случува во Охрид.

Во изјава за бугарската агенција БГНЕС, Архиепископот Стефан вели дека се надева оти овој значаен јубилеј заеднички ќе биде прославен.

-Охридската архиепископија е важна за сите православни народи. На чествувањето по повод нејзината 1000-годишнина ги поканивме раководителите на Бугарската православна црква и на државата и се надеваме дека ќе празнуваме заедно. Тоа е редок јубилеј. Малку се институциите кои можат да се пофалат со толку долг живот. Охридската архиепископија има значење за сите православни народи. Верувам дека на празнувањето ќе имаме гости и од соседните народи и од соседните цркви“, изјавил архиепископот Стефан.

 

Коментар(3)

  1. zosto, zosto, se pomestuva datumot na proslavuvanje na 1000 godishnina od afokefalnosta na ohridskata arhepiskopija,
    aftokefalnosta i se dade so hristovula vo 1019 godina, od strana na vizantiskiot car Vasilij II.

  2. dobro kazuvate – crkovna i narodna, a crkvata e oddelena od drzavata.
    Na kogo mu udovoluvate ?
    Prva hristovula – vo 1019
    Vtora vo 1020
    Treta vo 1025

  3. Toa se sluchi vo esenta 1019, znachi treba vo esenta 2019 ili barem vo 2019, no poradi programata na zblizuvanje politichko, se se prifaka pa i revidiranje na nastani. Neli vo crkvata nema laga ?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *