Архиепископот Стефан им се заблагодари на Вселенскиот паријарх Вартоломеј и на Српскиот патријарх Порфириј

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан на јубилејната литургија за 25 годишнината од изборот за поглавар на МПЦ-ОА им се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј и на Српскиот патријарх Порфириј за решавањето на канонското прашање на МПЦ-ОА. Во говорот по литугијата, г.г Стефан рече дека „по Божјо благоизволение, ни овозможи пред две и пол години да го добиеме она за што копнееја нашите предци, од последниот архиепископ Арсениј, па сѐ до нашево време.“

-Имено, Неговата сесветост, вселенскиот патријарх Вартоломеј, и Неговата светост, српскиот патријарх Порфириј, двајца исклучителни духовници и архипастири, препознаа дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија е жива црква, црква од живи садови на Светиот Дух, па Светиот синод на Вселенската патријаршија ја прими нашата света црква во евхаристиско единство со православната екумена, а Светиот собор на Српската патријаршија ни додели томос за автокефалност!, рече г.г. Стефан.

Тој им се заблагодари на браќата архијереи за заедничкото работење, за меѓусебното разбирање и помагање.

-На оние коишто во овој период се упокоја – Бог да ги прости, на живите, пак – да им дарува многулетствие! Навистина, со возљубените браќа архијереи – поминавме години во кои покажавме и потребно трпение и едномислие, со непоколебливата упорност во бранењето на нашата црковна и народна вистина и со постојаното барање на правда и на правдина. Им благодарам и на свештенството и на монаштвото – и во Скопската и во сите наши епархии, во татковината и меѓу иселениот наш народ, за исполнителното извршување на свештеничкиот позив и на монашкиот завет. Му благодарам и на нашиот верен, македонски народ, за љубовта кон нашата Македонска црква, за љубовта кон црквата Христова и за верноста кон својата прадедовска вера. Им благодарам и на нашите образовни институции – Богословијата и Богословскиот факултет, за грижата кон новите богослови, идните работници на нивата Господова. И да не заборавиме дека сите заедно, и архијереи, и свештенство, и народ, сме царско свештенство – сите сме црквата македонска!, изјави Архиепископот Стефан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img