Почетна Вера МПЦ-ОА Архиепископот Стефан го пречека Благодатниот оган на скопскиот аеродром
Архиепископот Стефан го пречека Благодатниот оган на скопскиот аеродром

Архиепископот Стефан го пречека Благодатниот оган на скопскиот аеродром

318
0

Црковна делегација на МПЦ-ОА на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија.

Оганот во фенер од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, а потоа и во другите епархии и храмови низ државата. Ова е првпат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган со помош на Бугарската православна црква.

Илјадници христијански верници од повеќе држави присуствуваа на симнувањето на Благодатниот оган кај црквата Воскресение Христово, Светиот гроб во Ерусалим. Пред Велигден, Благодатниот оган се пали на гробот на Исус Христос за време на молитва што ја води патријархот ерусалимски и на цела Палестина, Теофил Трети. Патријархот потоа пренесе пламен до верници кои го користат за да запалат 33 свеќи, по една за секоја година од животот на Исус. Светиот оган го претставува пламенот кој чудесно се појавува на Светиот Гроб во Ерусалим на Велика сабота, пред православниот Велигден.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *