Архиепископот Стефан – 25 години на Тронот на Охридските Архиепископи

Date:

Share post:

Со Света Божествена литургија во Соборниот храм во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, денеска ќе одбележи 25 години од востоличувањето на тронот на Охридските Архиепископи.

Во 12 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи промоција на 6. и 7. том на “Слова за словото”, дело на Архиепископот Стефан. Промотори на книгите ќе бидат епископот велички Никола и презвитер Милан Ѓорѓевиќ.

Стефан за Архиепископ беше избран на Црковно-народниот собор, одржан на 9.10.1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска Архиепископија „Света Софија“ во Охрид, а на 10.10.1999 година востоличен како петти Поглавар на Македонската Православна Црква.

Роден на 1 мај 1955 година и е најмладиот избран Архиепископ со 44 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...