Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан, 20 години на охридскиот Трон
Архиепископот Стефан, 20 години на охридскиот Трон

Архиепископот Стефан, 20 години на охридскиот Трон

381
0

Со голем јубилеј и со низа манифестации МПЦ-ОА, годинава ќе го одбележи денот на Сите Македонски Светители, кој годинава се паѓа на 6 октомври, бидејќи се празнува првата недела во месец октомври.

Оваа година архиепископот г.г Стефан ќе одбележи 20 години од устоличувањето на Тронот на Охридските Архиепископи, како петти Архиепископ на возновената Охридска Архиепископија во ликот на Македонската Православна Црква- ОА. Г.г. Стефан е најдолго на овој трон од поновата историја на МПЦ-ОА. Во исто време Архиепископот ќе одбележи и 33 години од неговата хиротонија.

Денеска сабота, во црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ – Бутел ќе се одржи вечерна богослужба и осветување на новата крстилница на црквата, а во МАНУ ќе бидат промовирани првите два тома од делото „Слова за Словото“ на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чии промотори ќе бидат академик Витомир Митевски и професор Ѓоко Ѓорѓевски.

В недела, пак, ќе има света литургија и осветување на црквата „Раѓање на свети Јован Крстител“ во Бутел, соопшти Скопската православна епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *