Под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“ Светиот архијерејки синод на МПЦ – ОА повкува на сенареден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција.
Собирот е закажан за в четврток во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а причините детално ќе ги образожат утре на посебна прес-конференција.
Во видео-обраќање поглаварот на МПЦ г.г. Стефан обвини дека се прави обид законитие да се донесат брзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, особено на жените и децата. Вели дека било укажано на низа спорни елементи од стручната фела и граѓаните во предложените закони, но оти тие не биле земени в предвид.

