Почетна Вера МПЦ-ОА Архиепископот отслужи молебен на гробот на Свети Кирил
Архиепископот отслужи молебен на гробот на Свети Кирил

Архиепископот отслужи молебен на гробот на Свети Кирил

1.29K
0

Архиепископот Стефан, заедно со Митрополитите Пимен и Јосиф отслужија молебен на гробот на Свети Кирил за 1155 годишнината од неговото упокојување.

На Молебниот присуствуваа Марија Ефремова, амбасадорка на Македонија во Ватикан, Весел Мемеди, амбасадор на Македонија во Рим, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски и професорот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и поранешен амбасадор во Ватикан, професор Ѓоко Ѓорѓевски, како и амбасадори и претставници од амбасадите на повеќе земји во Ватикан.

Скопската православна епаехија соопшти дека во текот на посетата на Рим и Ватикан делегацијата ги посетила и базиликата Св. Марија Велика (Santa Maria Maggiore), во која била отслужена првата Литургија на словенски јазик и биле осветени црковнословенските богослужбени книги и базиликата Света Пракседа (Santa Prassede), во која Седмочислениците престојувале за време на своето пребивање во Рим.

Планираната средба со претстојателот на Католичката црква, Неговата светост папата Франциск беше одложена поради здравствената состојба на папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *