Архиепископот на Австралија Макариј доби почесен докторат од Универзитетот во Тесалија

Date:

Share post:

Со свечена академска церемонија во Лариса на 11 ноември, Архиепископот на Австралија, г. Макаријос, беше одликуван со почесен докторат од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тесалија.

Настанот се одржа во амфитеатарот „Хипократ“, во присуство на високи црковни и државни претставници. Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше претставен од Митрополитот Филотеј Солунски, а на свеченоста присуствуваа и бројни митрополити, епископи, министри, пратеници, универзитетски ректори, професори и студенти.

Ректорот Харламбос Билинис истакна дека Архиепископот Макариј оставил силен печат во академската заедница, особено преку неговото долугодишно предавање во постдипломските студии. Професорот Атанасиос Јанукас го опиша како „личност чиј живот е пример на духовно богатство, научна чесност и несебична љубов кон човекот“.

Архиепископот Макариј ја прими академската одора од раководителот на катедрата, професорот Аристидис Зибис, а на крајот одржа инспиративно предавање на тема „Го барам човекот на автопатите на интернетот: врски и зависности во дигиталната ера.“ Тој нагласи дека и медицината и пастирската грижа имаат заедничка мисија – служба на човекот и негова целокупна исцелителна преобразба.

/orthodoxtimes

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...

Рускиот патријах без одлука на Синодот разрешува непослушни владици

Касно вечерта на 8 ноември рускиот патријарх Кирил ненадејно го разреши патријаршискиот егзарх за Западна Европа – Корсунскиот...

Собранието на епископите на САД: „Забрзан раст на Православието во Америка“

Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави се собра во Денвер, Колорадо, од 6 до 8...

Расте заинтересираноста за Православието во Шведска

Попладнето на 6 ноември 2025 година, во гостопримливите простории на катедралата „Св. Георгиј“ во Стокхолм, се одржа четвртата...