Почетна Вера Архиепископите Михаил и Гаврил почиваат во осветена црква

Архиепископите Михаил и Гаврил почиваат во осветена црква

679
0

Време е да се вратиме на вредностите што го одржале нашиот народ низ вековите, на вредностите кои поврзуваат а не разделуваат – порача денеска поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г. Стефан на осветувањето на црквата Св. Наум Охридски во населбата Радишани.

Осветувањето на црквата во Радишани почна синоќа со вечерна богослужба. Централната литургија за осветување на храмот утринава ја водеше поглаварот на МПЦ во сослужение со дел владиците на Синодот на МПЦ, Архимандрити и свештеници.

Чинот на осветување на црквата Св. Наум Охридски го следеа и огромен број на жители од населбата Радишани, но и од останатите градови во државата.

Освен храмот, со обновата се реконструирани манастирските конаци но и новата трпезарија..

Црквата Св Наум Охридски овде во Радишани е подигната врз манастирската црква која датира од 1936 година.. Овој храм е вечно почивалиште на претходните архиереи на Македонската православна црква Гаврил и Михаил..

Инаку осветувањето на црквата е во рамки на одбележувањето на 50 годишнината од возобновувањето на афтокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *