Почетна Вести АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Зошто за други сме подготвени да дадеме се, а за нас не?
АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Зошто за други сме подготвени да дадеме се, а за нас не?

АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Зошто за други сме подготвени да дадеме се, а за нас не?

603
0

Многу тешко ги договараме и решаваме работите, па дури и оние што се од национален и државен интерес, предупреди поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, по литургијата што за празникот Источен петок – Балаклија се одржа вчера во црквата „Света Богородица“ во Тетово.

Пред присутните г.г. Стефан порача да размислуваме за христијанските придобивки и со нашиот живот и нашите дела да потврдуваме дека воскресението живее и во нашите души и оти сме народ на верата и на Бога.

– И ние самите, но и другите, забележале дека сме добродушен, кроток и гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме се што имаме и лебот од устата, што вели народот, да го поделиме со други. Од кај нас во Македонија гладен и жеден никој не си отишол. За други сме подготвени да дадеме и она што за себе малку имаме. Тоа веројатно е најмногу поради христијанското во нас поради евангелското во душата на македонскиот човек. Но, има и нешто за кое треба да се прашуваме зошто е така бидејќи сосема сме други кога се во прашање меѓусебните, македонски односи и работи – рече г.г. Стефан.

Тој потсети дека дури и за духовните, црковните работи, кога расправаме, најпрвин ги гледаме личниот, партискиот, а не заедничкиот интерес.

– Го гледаме личното и сегашното убедување, а не она што е вековно присутно и меѓу нашиот народ и меѓу поголемиот број цивилизирани народи. На Македонија ако и го одземеме или непризнаеме христијанското, што ќе остане од неа. Ако имаме нешто со што може да се гордееме, тоа е нашето духовно, христијанско наследство, и затоа ќе прашам зошто некои се противат на задолжителното воведување на веронауката и на можноста младите генерации да ја знаат верата на нашите постари, да знаат што е ова што е создавано на христијански основи во Македонија – рече г.г. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *