Почетна Верски буквар Апликација „Библија за деца“ на македонски јазик
Апликација „Библија за деца“ на македонски јазик

Апликација „Библија за деца“ на македонски јазик

1.02K
0

Апликација „Библија за деца“ на македонски јазик

Светски познатата апликација „The Bible App for Kids“, или апликација „Библија за деца“ од скоро време е достапна (бесплатно) и на македонски јазик.

Апликацијата е неверојатно корисна алатка за воведување на децата во верата. Таа е интересна и интерактивна, со поуки и игри. Содржи 41 приказна од Библијата, која ќе го задржи вниманието на децата од 2 до 10 години, а со сигурност ќе измами насмевки на родителите, кои пак ќе се запознаат и ќе го продлабочат своето знаење на клучните настани од Библијата.

Македонскиот тим пред две години ги почнал преговорите за добивање на право за адаптација, а проектот бил одобрен на почетокот на 2020 г. Работата на преводот, лектурата и снимањето на епизодите почнала во месец јуни.

Голема благодарност до тимот кој неуморно работел на преводот, лектурата, а и сѐ уште работи на промоција на апликацијата. (Андреја Стефановски, Денис Александров, Никола Гиневски и Сашко Петровски).

Синхронизацијата ја изврши Александар Митров, со благослов на владиката Јаков Стобиски. Благодарност и до Дејан Арсов од тимот на АБД за доставените информации.

Децата кои растат во Австралија, но и во останатите земји од англиското говорно подрачје, покрај користењето на англиската верзија ќе можат да се забавуваат, да учат за Бог, слушајќи и вежбајќи го македонскиот јазик.

За преземање на апликацијата (download) www.bible.com/detska https://www.bible.com/mk/kids

Извор: Австралиско-новозеландска епархија МПЦ-ОА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *