Почетна Вести Апел за помош на самохрана мајка
Апел за помош на самохрана мајка

Апел за помош на самохрана мајка

175
0

Невладината организација „Коалиција Боите на животот“, при последната нивна акција и делењето храна на социјално загрозени семејства ја посетиле и Наталија која е самохрана мајка. Таа живее скромно со уште една самохрана мајка и заедно се грижат една за друга.

Детето на мајката Мерсиха поради влошена здравствена состојба долго време беше хоспитализирано, а вчера е пуштено на домашна нега.

Потребен им е фрижидер каде би можеле да ја чуваат храната во летниот период кој следи. Фрижидерот е доволно да работи, не мора да е нов, велат од „Коалицијата Боите на животот“.

Хуманите граѓани кои сакаат да помогнат, можат да ја контактираат организацијата, а оние кои сакаат да помогнат со парични средства, тоа може да го направат преку нивната жиро сметка, со назнака „Донација за Наталија“.

Сите собрани парични средства ќе бидат наменети за купување на фрижидер доколку не се најде, во спротивно средствата ќе применат за храна или други неопходни работи кои им се потребни.

Art Life при NLB банка:
Жиро сметка: 210066095110113

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *