Почетна Вера МПЦ-ОА Антонио Станков најбрз во Брегалница до светиот крст

Антонио Станков најбрз во Брегалница до светиот крст

49
0

Во присуство на повеќе од 1000 верници, свештениците од брегалничката епархија ги осветија водите на река Брегалница кај штипско Ново Село. На сончево, но многу студено време, во исто така ладните води на Брегалница, скокнаа 20 –тина млади момчиња. Најуспешен помеѓу нив беше 27 годишниот Антонио Станков…

15 –ти пат по ред скокам, за прв пат го фатив. Здравје и среќа на сите и се најубаво- изјави Антониот Станков

Според верувањето оној кој го фатил крстот ќе го следи здравје и бериќет во текот на целата година. Во следните денови Станков ќе ги посети сите домаќинства во Ново Село, а граѓаните ќе го даруваат крстот.

Поновата традиција во последните 30-тина години во Штип, налага крстот да се фрла на две локации. Едната е овде во Ново Село,  а втората е од камениот мост на река Брегалница, која се смета за централна свеченост и се одржува еден час подоцна.

Сега претстои уште една манифестација на камениот мост, и се подготвуваме и таму да одиме – изјави жител на штипско Ново Село

Со централната свечeност ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *