Антиохиската патријаршија го почна заседанието на Светиот синод со присуство на ахријереите од сите епархии, вклучувајќи ја и дијаспората.
На воведното обраќање, Патријархот Јован му се заблагодарил на Бога што дозволил оваа средба да се одржи и покрај тешките околности, потсетувајќи се на тешката положба на киднапираните митрополити од Алепо, Павле Јазиги и Јован Ибрахим, која продолжува да биде дочекана со молчење и рамнодушност од страна на светот.
Тој нагласил дека Антиохиската Црква е едно семејство, кое ги обединува своите архиереи во телото на Светиот Синод.
-Таа произлегува од Антиохија и се протега до крајот на земјата. Таа не е ограничена само на историските епархии на Истокот, туку ги достигнува сите епархии на дијаспората; таа не е ограничена само на пастирската служба, туку е повикана да биде глас на вистината во многу области – во политиката, во економијата и во служба на другите, изјавил Антиохискиот патријарх.
Патријархот, исто така, упати порака за непоколебливост и истрајност во оваа земја каде што некогаш оделе светите апостоли, потврдувајќи дека камбаните на нашите цркви ќе продолжат да бијат и дека Бог ќе остане извор на мудрост во нашите зборови и компас што ги води нашите постапки.
-Ние сме Антиохијани и ќе останеме Антиохијани. Ќе останеме на земјата Антиохија, вооружени со надеж – не само човечки оптимизам, туку целосна доверба во ветувањата Божји, изјавил Патријархот.

