Почетна Вести Антиисламистички протест пред Бранденбуршката порта
Антиисламистички протест пред Бранденбуршката порта

Антиисламистички протест пред Бранденбуршката порта

63
0

Активисти на десничаркото антиисламистичко движење денеска одржаа едночасовен протест пред Бранденбуршката порта во Берлин.

A German police officer looks at a banner belonging to members of far right Identitarian movement  after the activists staged a demonstration on top of Brandenburg Gate in BerlinДемонстрантите побараа „безбедност на германските граници“. Полицијата соопшти дека 15 лица биле накратко приведени поради протестот и веројатно ќе добијат кривични пријави поради заплашување и кршење на законот за собир на јавно место.

Портпаролката на берлинската полиција Патриција Бремер изјави дека собирот бил организиран од Идентитетското движење.

Германската разузнавачка служба на почетокот од месецов почна да го надгледува ова екстремно десничарско движење, бидејќи претпоставува дека негова цел е поткопување на демократијата.

/МИА

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *