Почетна Вести АНКЕТА: Папата Франциск најпозитивна личност во светот
АНКЕТА: Папата Франциск најпозитивна личност во светот

АНКЕТА: Папата Франциск најпозитивна личност во светот

114
0

Папата Франциск е најпопуларната личност во светот. Последната анкета на „Галуп интернешанел“  го рангираше на првото место пред сите политички лидери во светот.

Според анкетата, Католиците и евреите имаат најпозитивно мислење за Папата.

Анкетата била спроведена во 64 држави и во неа учествувале околу 1000 анкетирани. Прашањето на кое одговарале испитаниците било „Независно од религијата на која припаѓате, какво мислење имате, добро, повеќе добро, помалку лошо или лошо мислење за Папата Франциск?“

85 % од Католиците и 65% од Евреите имаат добро мислење за него. Споредено по држави, највисоко мислење за Папата има во Филипини, каде процентуално позитивно се изјасниле 93%. Најнизок рејтинг Франциск има во Тунис, Алжир и Турција.

Кога ќе се спореди рејтингот на Папата со светските лидери, тој има 41% повисок рејтинг од Барак Обама, 30% е попозитивно оценет од Ангела Меркел, 13 повеќе од Дејвид Камерон и 6% повеќе од Франсоа Оланд.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *