Почетна Политичка теологија Анкета: Христијани во Западна Европа се понетолерантни кон имигранти и малцинства отколку атеистите
Анкета: Христијани во Западна Европа се понетолерантни кон имигранти и малцинства отколку атеистите

Анкета: Христијани во Западна Европа се понетолерантни кон имигранти и малцинства отколку атеистите

37
0

Христијани во Западна Европа се помалку склони да прифатат мигранти и нехристијани отколку нерелигиозни луѓе, се наведува во анкета спроведена во 15 држави.

Анкетата на „Пју“ нагласува дека христијаните, независно дали редовно одат во црква или не, се понегативно настроени кон муслимани, Евреи и мигранти отколку оние западноевропјани кои не се со определена религија.

– Анкетираните сметаат дека имигрантите се чесни и работливи луѓе. Но, постои нејасен стереотип – антиимигрантскиот и антималцински однос е потипичен за оние западноевропјани кои се сметаат за христијани, наведуваат од Пју.

Во анкетата извршена по телефон учествувале 24.600 луѓе од 15 држави.

Во Велика Британија 45 отсто од христијаните кои редовно практикуваат верски служби, и 47 отсто од оние кои не практикуваат се согласни со тврдењето дека „исламот е фундаментално неспоив со нашите вредности и култура“.

Меѓу нерелигиозните Британци тој процент е доста понизок – 30 отсто.

Во Франција речиси три четвртини од практичните христијани (72 отсто) сметаат дека е важно да имаш француско потекло, за да бидеш „вистински Французин“.

Тој процент кај оние кои не се толку верски настроени е 52 отсто, во споредба со 43 отсто од атеистите.

Во анализата на резултатите од анкетата се укажува дека Швеѓаните се најмалку настроени да изразуваат националистички, антиимигрантски и антималцински погледи, додека спротивни на нив се Италијанците.

Триесет и шест отсто од нив сметаат дека „евреите преувеличуваат колку многу страдале“, наспроти само 11 отсто од Швеѓаните кои мислат така.

Вкупно, антимуслимански настроени лица надминуваат бројка над антисемитските во секоја од државите каде е извршена анкетата.

Една четвртина Италијанци независно дали се христијани или нерелигиозни, велат дека не би прифатиле евреин за член на нивно семејство. Во Велика Британија тој процент е 23, во Австрија 21 и во Германија 29.

За споредба, 43 отсто Италијанци, 36 отсто Британци, 34 отсто Австријци и 33 отсто Германци не би прифатиле муслиман за член на семејството.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *