Почетна Вести Анѓушев: В црква одам приватно, не да правам политички маркетинг со сликање
Анѓушев: В црква одам приватно, не да правам политички маркетинг со сликање

Анѓушев: В црква одам приватно, не да правам политички маркетинг со сликање

350
0

Вицепремиерот Кочо Анѓушев место на осветување на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, каде што беше поканет со премиерот Зоран Заев,  вчера беше во посета на фабриката „Брако“.

Анѓушев, кој доби два ордени од МПЦ и Повардарската Епархија оти со 240 илјади евра го финансираше фрескоживописувањето на црквата, вели дека не сака да се слика по медиуми кога во оди во црква и ѝ замери на црквата што од осветувањето направи политички маркетинг.

На осветувањето присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со сопругата Боркица.

-Јас верувам во секуларноста на државата, одвоеноста на црквата од неа. Кога донирав, не претпоставував дека ќе бидам дел од Владата, што сега се случи. Јас го дадов затоа што верувам во Бога и така чувствувам. Не сакам да се сликам по медиуми, а во црква а ќе одам кога ќе почувствувам и кога јас сакам. Затоа ѝ замерувам на црквата што од осветувањето направи политички настан, маркетинг“, изјавил за САКАМДАКАЖАМ.МК Кочо Анѓушев.

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ се градеше 11 години. Дело е на архитектот Тодор Паскали. Се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк.

/СДК.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *