Почетна Вести Христијанство Ангелите од Курбиново ќе бидат спасени, црквата реставрирана
Ангелите од Курбиново ќе бидат спасени, црквата реставрирана

Ангелите од Курбиново ќе бидат спасени, црквата реставрирана

400
0

Една од најзначајните цркви со најпознатите фрески, Свети Ѓорги во Курбиново ќе биде спасена од пропаѓање, а до крајот на 2019 и ќе треба да биде реставрирана.

Оваа обврска ја презеде министерот за Култура, Роберт Алаѓозовски, по посетата на најзначајниот споменик на културата од 12 век.

За оваа намена од буџетот се издвоени 2,5 милиони денари, а ако активностите се одвиваат според планираното, сумата ќе достигне 15 милиони денари.

-Со овие средства во текот на годината ќе се изведат активности за основен проект на архитектурата во завршна фаза, ќе се реализираат и неколку фази од непосредната заштита, и тоа демонтажа на покривот, конструктивно зајакнување, конзервација на ѕидни платна и демонтажа на времениот покрив”, рече министерот.

Во изминатите години, за заштита на црквата во Курбиново беа издвоени само милион денари, што беше недоволно. По барање на Министерството за култура, Конзерваторскиот центар од Скопје оформи посебна комисија која спроведе ревизија на досегашните активности за реставрација на црквата.

-Комисијата констатираше дека во изминатите години се направени одредени истражувања и зафати врз архитектурата и живописот, но резултат се бројните парцијални решенија кои не успеале да ги решат проблемите. Имало и пропусти, па дури и нестручност во реставрацијата на објектот. За среќа, биле парцијални конзерваторски работи и ова не оставило трага, но доколку се продолжело така можни биле трајни штети“, рече Алаѓозовски.

Министерот најавува дека конзервацијата и реставрацијата во иднина ќе бидат извршени најпрофесионално и ќе бидат вклучени и меѓународни експерти од областа на византиската уметност.

Во оваа црква во делот на апсидата каде се наоѓаат и прочуените ангели од Курбиново, меѓу нив и Ангелот на Благовестието, кој е претставен и на банкнотата од 50 денари.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *