Почетна Политичка теологија Анализа: Се поголем број луѓе во САД ја губат вербата во религиите
Анализа: Се поголем број луѓе во САД ја губат вербата во религиите

Анализа: Се поголем број луѓе во САД ја губат вербата во религиите

109
1

Една американска анализа, насловена „Егзодус“, покажува дека се поголем број луѓе на прашањето за верска определба одговараат дека не се следбеници на ниту една религија, со што овие „нерелигиозни лица“ стануваат најбројна демографска група во САД.

Институтот за истражување на јавните религиозни уверувања во својата анализа се осврнува на некои од главните причини поради кои луѓето стануваат атеисти, односно не и припаѓаат на ниту една религија.

sad-crkvaИстражувањето, сепак, не ги вклучува оние кои имаат религиско верување, но не присуствуваат на верски службите, ниту оние кои се откажале од своите верски уверувања, пишува „Индипендент“.

Денес во САД повеќе од 25 отсто од луѓето воопшто не се изјаснуваат за религиозната припадност, за разлика од 70-те години кога само седум проценти се изјаснувале како „нерелигиозни“ или дури и во однос на 2012 година кога во оваа категорија биле 20 отсто.

Од вкупниот број учесници во студијата, 16 отсто рекле дека престанале да одат во црква, поради тоа што нивните конгрегации станале „премногу политички обоени“.

Повеќе од 19 отсто од учесницитре во анкетата, како и 32 отсто од оние кои се изјаснати како католици, рекле дека неодамнешните скандали поврзани за сексуалното злоставување на деца од страна на свештени лица се главната причина зошто имаат одбивност кон Црквата и религијата.

Друга важна причина за напуштање на црквите и верските уверувања, за 29 отсто истпитаници се и хомофобичните религиски учења, како и верски мотивираноите напади врз хомосексуалците.

Студијата ги дели „нерелигиозните“ на три групи – оние „кои ја отфрлиле религијата“, оние кои се „апатични кон верата“ и оние кои „веруваат, но не припаѓат на ниту една религиозна група“.

Оние кои ја „отфрлиле религијата“, односно атеистите, најчесто се високообразовани луѓе со дипломи и докторати.

Голем број од испитаниците, односно 60 отсто, рекле дека едноставно престанале да веруваат во верските учења или ја изгубиле верата.

/ЛИБЕРТАС

Коментар(1)

  1. Очигледно, безбожниот и богоборен портал „Либертас“ (за кој, патем, не е јасно за каква слобода се бори, бидејќи само слободата од страстите и владеењето над себе си е вистинска слобода; lat. libertas – слобода), повторно сака да нѐ врати неколку децении назад, кога во училиште комунистичките назадници нѐ учеа дека учените луѓе не веруваат во „бапски приказни“. Милост, бре луѓе!!! Престанете со овие ноторни лаги дека ученоста не се поврзува со побожноста. Ние го поминавме сево ова во минатиот режим, видовме што значи безбожноста и какви плодови носи, не мора повторно да нѐ враќате таму. Да не беа тие ПОБОЖНИ луѓе и великани на науката (Њутн, Паскал, Тесла…), денес ќе немавме ниту наука, ниту технолошки напредок. А знаеме и колку врвни научници кај нас беа притиснати и ограничени од удбашките власти само поради тоа што беа побожни. Престанете со поделбата наука-црква! Науката за научните работи, црквата за божествените. Тие не се спротивни едни на други, кога ќе го сфатиме тоа!?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *