Почетна Вести Регион Амфилохије покрена политичка лавина од реакции во Србија
Амфилохије покрена политичка лавина од реакции во Србија

Амфилохије покрена политичка лавина од реакции во Србија

369
0

Изјавата на Митрополитот на црногорско-приморската епархија на СПЦ -Амфилохије за црногорската ТВ Нови во која тој изјави дека „…се плаши дека политиката на Александар Вучиќ води кон предавство на Србија и на Косово….“ и дека „Апелот за одбрана на Косово и Метохија“ -чиј потписник е и самиот тој, е напишан „..поради недовербата и комбинациите кои се прават“, покрена политичка лавина од реакции во Србија.

Се огласи и самиот претседател Александар Вучиќ кој изјави дека до недела кога е „Стара Нова година“ – нема да ги коментира изјавите на Амфилохије.

Но, затоа високи владини функционери на СНС веднаш реагираа. Така генералниот секреатар на кабинетот на српскиот претседател Никола Селаковиќ изјави за РТС дека Амфилохије се занимава со „магии кога говори за неговото стравување дека Вучиќ ќе го предаде Косово“ .

– За изјавите на Амфилохије Радовиќ би можел да говорам со часови. Што друго можете да очекувате од човек кој за Вучиќ веќе два пати одржа опела, изјави Селаковиќ.

Се огласи и вицепремиерката Зорана Михајловиќ, која изјави дека „Косово не е тема за која Амфилохије ќе ги дели луѓето на патриоти и предавници“. Таа додаде дека „Претседателот Вучиќ, како што и самиот истакнал, нема да се меша во црковните работи, како што ниту митрополитот Амфилохије нема да ја води државната политика на Србија.“

Реагираше жестоко и министерот за одбрана Александар Вулин кој изјави дека „..од клетвите на Амфилохије, ниту еден Србин на Косово нема да зајакне….Амфилохије Радовиќ, мене и Александар Вучиќ- на два пати живи не погреба, држејќи ни опела и против човечките и против божјите закони“.

На изјавата на митрополитот на СПЦ не остане рамнодушен ниту директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, кој изјави дека ставот на Амфилохије против српскиот преседател Александар Вучиќ, „…се нарачани напади во функција на дисквалификација на секој кој на таков начин настапува како преставник на црковните власти…Мене ми е срам како верник и како Србин кога ќе слушнам дека некој кој носи мантија на Српската православна црква, говори на таков нецрковен и срамен начин.“

Во изјавата Амфилохије нагласи и дека „ставот на Вучиќ да се консултира со интелетуалците за прашањето за Косово е стремеж на српскиот претседател за намалување на неговата одговорност по ова прашање“.

Во Србија деновиве требаше да биде обелоденета „Декларацијата за заштита на српскиот јазик и култура“ која би требало да го заштити идентитетот на Србите во регионот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *