Почетна Анализа Амфилохије на литургија го смени диптихот како да е поглавар на автокефална црква
Амфилохије на литургија го смени диптихот како да е поглавар на автокефална црква

Амфилохије на литургија го смени диптихот како да е поглавар на автокефална црква

909
1

Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ, или по титула и Архиепископ Цетински, г Амфилохије, го сврте вниманието на црковната јавност за време на Велигденската воскресна литургија, во која надвор од црковниот протокол го спомна Ерусалминскиот патријарх Тефил, а српскиот патријарх го нарече „нашиот“ патријарх.

Црногроскиоте медиуми пренесуваат неофицијални ставови на извори блиски до СПЦ, според кои не само што Амфилохије го прекршил црковниот протокол, туку на овој начин се прогласил себе си за поглавар на автокефална црква.

За разлика од Амфилохије, српскиот патријарх Иринејм на воскресната литургија го спомна и Вселенскиот патријарх Вартоломеј, додека пак Амфилохије тоа не го стори и на тој начин се вброи во оние владици и цркви кои по одлуката на Руската црква не гои спомнуваат Вселенскиот патријах.

Овој чин на Амфилохије за црногорските медиуми го коментирал и архимандритот на Критската црква, клирик на Вселенската Патријаршија, Рман Анастасијадси. Тој вели дека постапките на Амфилохије се нетипични за православниот црковен ред.

-Го изгледав видеото со литургијата на митрополитот Амфилохије и бев изненаден. Пред се Амфилохије е митрополит на Српската црква во Црна Гора, не е патријарх на автокефална црква, според тоа нема право да го меднува диптихот, или да спомниува имиња како што тој ќе посака на литургија. Пипаѓа на СПЦ и должен е да го споменува тоа што го споменува и патријархот спрски, изјавил Анастасијадис за „актулено“.

Што се однесува до спомнувањето на Ерусалмискиот патријарх, Теофил, тој смета дека тоа може да е направени во друг контекст.

-Меѓутоа, мислам дека конкретното спомнување на Ерусалимслиот патријарх е во друг контекст, со оглед дека се случило на Велика сабота, денот на церемонијата на Светиот Гроб за Благодатниот оган во Ерусалим. Се надевам дека е ова нешто, што нема да се повтори. Но ако се понови, тогаш работите се менуваат и на тоа мора поинаку да гледамен, изјавил архимандритот Анастасијадис.

Коментар(1)

  1. Митрополит овде није читао никакав диптих. Осим Патријарха Пећког споменуо је само Патријарха Јерусалимског ,јер два манастира у епархији Црногорско- приморској су ставропигијални манастири под јурисдикцијом Јерусалимског Патријарха.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *