Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс при посетата на Биогскиот манастир на средбата со Игуменот, Епископот Партениј честитала и ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА.
Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски,посетувајќи ја и библиотеката.
-На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет. По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на Манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот г. Доситеј, стои во соопштението од Бигорски.
ФОТО:




