Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агилер денеска била на средба со Архиепископот Стефан во неговата резиденција на Кале. На средбата присутни биле и епископот Хераклејски, Климент и деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓоргевски.
Амбасадорката Агилер на Твитер напиша дека со задволство слушала за напредокот во процесот кон целосно признавање на МПЦ-ОА.
-Големо задоволство е да се сретнам со Архиепископот Стефан денеска за да разговараме за актуелните прашања, верските слободи и соработката меѓу верските заедници во земјата. Со задоволство слушам за напредокот кон целосното признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, напиша Агилер на Твитер.
За средбата извеси и Скопската епархија, со која раководи Архиепископот Стефан, посоувајќи дека ја запознал амбасадорката на САД со историјата, духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија
На 17. 1. 2023 година, во Архиепископската резиденција, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан ја прими новата амбасадорка на САД, Нејзината екселенција г-ѓа Анџела П. Агелер, којашто беше придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД. На средбата, којашто помина во срдечна атмосфера, присуствуваа и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Неговото Блаженство ја запозна Нејзината екселенција со историјата, духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот и, посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји, стои во соопштението на скопската епархија.
Оваа посета доаѓа по посетата на руската цркова делегација на Македонија и по посетата на Митрополит од Вселенската Патријаршија.
