Вести

Амбасадорот Жбогар на гости кај поглаварот на ИВЗ

By Уредник

October 08, 2016

Амбасадорот на Европската унија во Скопје, Самуел Жбогар бил гостин на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во неговиот кабинет во ИВЗ.

Средбата меѓу реџепи и Жбогар е во рамки на редовните посети на новиот евроамбасадор со претставници на институциите во Македонија.

Од ИВЗ велат дека станува збор за пријателски состанок на кој поглаварот Реџепи го запознал дипломатот на ЕУ со историјата на ИВЗ. Двајцата разговарале и за отворените прашања меѓу ИВЗ и државата.