Почетна Вести АЛФЕЕВ: Не гледам причина РПЦ да ја промени одлуката
АЛФЕЕВ: Не гледам причина РПЦ да ја промени одлуката

АЛФЕЕВ: Не гледам причина РПЦ да ја промени одлуката

234
0

Шеф на Одделот за надворешни работи на Московската Патријаршија, Митрополитот Иларион Алфеев во интервју за РИА Новости изјавил дека не гледа причина за ревидирање на одлуката на Руската Православна Црква да не учествува Соборот во Крит.

ruska crkva 1Иларион смета дека во преостанатото време веќе не може да се решат проблемите, бидејќи идејата за пролонгирање на Соборот беше игнорирани од страна на организаторите -Цариградска патријаршија.

-За жал, изразените загрижености беа игнорирани и сега, во преостанатото време веќе и не може да се решат проблемите во такви околности и јас не гледам причина Руската Црква да ја промени својата одлука ” – рекол Митрополитот.

Според него, руската православна црква, до последен момент имала надеж дека поради причините на голем број на локални цркви треба да се повлече Соборот, а и понудила свој дел, можен начин за решавање на проблемите, преку свикување на вонредна седница на Сеправославниот одбор.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *