Почетна Вести АЛЕКСАНДРОВ: Владиката Петар призна дека 20 години ја лажел МПЦ и македонската јавност

АЛЕКСАНДРОВ: Владиката Петар призна дека 20 години ја лажел МПЦ и македонската јавност

2.01K
0

По 20 години залудни судски спорови, за кои беа потрошени над 20 милиони долари, Митрополитот г. Петар призна дека регистрацијата на црковните општини во Австралија не е неканонска и дека тоа е единствениот начин за регистрација. Претседателот на Здружението на Македонски заедници од Австралија, Игор А. Александров, вели дека минатонеделната одлука на Владиката Петар, својата епархија во Австралија да ја регистрира според законот за  корпорации/компании, во суштина е признание дека врз основа на една голема измама 20 години води скандалозна хајка за приграбување на имотите на Македонските православни заедници во Австралија.

igor-a-aleksandrov-Имено, тој 20 години ги лаже Македонската јавност и Синодот на МПЦ дека канонски е недозволено Црковна организација да биде регистрирана како компанија/корпорација и врз таа измамничка основа ги клевети демократските претставници на регистрираните Македонски православни општини/заедници во Австралија како ‘компанисти’, односно луѓе кои црквите ги претвориле во бизниси. Врз таа измамничка основа нанесе адвокатски трошоци од 20 милиони долари за безуспешни судски спорови за приграбување на црковни имоти и ставање на истите под име на приватни лица како старатели, вклучувајќи се себеси и од него назначени двајца попови. Врз истата измамничка основа организираше банди за насилни окупации и физички напади врз свештеници и верници на црквите Св. Ѓорѓи во Мелбурн и Св Петка во Сиднеј. Врз истата измамничка основа, Петар прогласи повеќе од половина од храмовите на МПЦ во Австралија како нецрковни, а нивните свештеници и верници ги прогласи за лажни, анатемисани, екскомуницирани и со тоа создаде невиден раскол, нетрпение, омраза, стресови и недоверба во Македонската православна Црква. Врз истата основа, во последните две години Петар ја лаже јавноста дека Епархијата на владиката Тимотеј во Австралија и црковните општини што членуваат во неа се неканонски, односно ‘не цркви, туку компании.’ Врз основа на големата лага дека е неканонски да се регистрира црковна организација како корпорација/компанија во Австралија и дека таквата регистрација автоматски подразбира приватен бизнис, Петар три години ја клевети и дискредитира Епархијата на владиката Тимотеј во Австралија, тврдејќи дека таа Епархија и нејзините црковни општини не се валидни и дека владиката Тимотеј нема валидна канонска надлежност во Австралија, вели Александров потенцирајќи дека со целосна одговорност уверува дека сите други обвиненија и неканонски ‘црковни’ пресуди на Владиката Петар против активисти и свештеници кои ги попречуваа неговите обиди за приграбување на пари и имоти, при што тотално ја запостави верата, се направени на лажна и злонамерна основа.

-Со најавата дека својата Епархија во Австралија ќе ја претвори во корпорација/компанија, Петар во суштина призна дека сето негово деструктивно дејствување во Австралија во изминатите 20 години било засновано на една огромна измама и се што произлегува од таа измама е дополнителна измама, вели Александров.

Тој денеска побара Синодот на МПЦ да стави крај на овој проблем со итно и целосно повлекување на Владиката Петар од Австралија.

ВИДЕО:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *