Почетна Вести Александрискиот Патријарх Теодор II доаѓа во Белград
Александрискиот Патријарх  Теодор II доаѓа во Белград

Александрискиот Патријарх Теодор II доаѓа во Белград

106
0

Александрискиот патријарх Теодор II в петок ќе допатува во официјална посета на Србија и на средба со српскиот патријарх Иринеј.

Његовото Блаженство Папа и Патријарх александриски и на цела Африке, како што се нарекува Теодор II според титулата, во Србија ќе престојува една недела се до 29 септември 2017 година.

За време на посетата поглаварите на двете цркви ќе имаат официјални разговори за теми кои се однесуваа на актуелни прашања и проблеми со кои се соочуваат двете цркви, но и Православието општо, како што е прашањето за состојбата и егзодусот на Христијаните од Блискиот Исток и Африка.

Александрискиот патријарх, придружуван од домаќинот српскиот патријарх ќе има и официјални средби со српскиот државен врв.

Двајцата патријарси ќе отслужат и заедничка литургија, а Теодор II ќе разговара и со српски верници.

Според најавите од СПЦ, Александрискиот патријарх ќе посете неколку срспски светилишта, меѓу нив и седиштето на Печката Патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *