219
0
Aалександрискиот Патријарх Теодор II, апелираше до сите помесни православни Цркви да учествуваат на Сеправославниот Собор на Крит.
Во интервју, Патријархот Теодор потенцирал дека православната црква треба да биде далеку од политички, етнички и расни предрасуди.
-Невозможно е да се замисли дека е можно во последен момент, во согласност со лични аспирации и незадоволство во однос кон патријарх Цариградски, некој да не дојде на Соборот на црквата, изјавил Патријархот Теодор .
Поглаварот на Православната црква во Александрија смета дека бугарската црква нема да ја промени својата одлука, за разлика од другите три помесни Цркви.
/РЕЛИГИЈА.МК