Почетна Вести Свет Александриската патријаршија го прекина спомнувањето на Московскиот патријарх , го расчини Леонид Клински и ја осуди теоријата „Руски свет“
Александриската патријаршија го прекина спомнувањето на Московскиот патријарх , го расчини Леонид Клински и ја осуди теоријата „Руски свет“

Александриската патријаршија го прекина спомнувањето на Московскиот патријарх , го расчини Леонид Клински и ја осуди теоријата „Руски свет“

305
0

Александриската патријаршија ги прекина контактите со Руската Православна Црква и одлучи да не го споменува Московскиот патријарх за време на литургиите. Синодот на Патријаршијата донел одлука и да ја осуди пролитиката на руската црква за „руски свет“. Посебно внимание Синодот посветил на упадот на Руската црква на територијата на јурисдикцијата на Александриската патријаршија, расчинувајќи го поранешниот Митрополит Клински Леонид, поради низа канонски престапи.

Во продолжение одлуката на Синодот на Александриската патријаршија.

Денеска, 22 ноември 2022 година, Светиот синод на Александриската патријаршија, под претседателство на Неговото Божествено Блаженство, Папата и Патријарх г. г. Теодор II, заседаваше во соборниот храм на светиот патријаршиски манастир на свети Георгиј во Старо Каиро.

Почетокот на работата беше објавен од Неговото Блаженство, кој упати поздрав до синодалните архиереи, потенцирајќи ја, помеѓу другото, симболиката за свикување на Светиот синод на истото место каде што почиваат многу од секогаш спомнуваните негови претходници, кои се бореле за заштита на единството и правата на древниот патријаршиски престол.

Високопреосвештениот Митрополит Старец Леонтополски г. Гавриил, генерален патријаршиски намесник, му отпоздрави на Неговото Божествено Блаженство од името на Високопреосвештените и Преосвештени јерарси.

Во продолжение, Неговото Божествено Блаженство исцрпно го извести Светиот синод за извршените работи во текот на изминатиот временски период, од јануари о.г. до денес, во сите оддели на својата првојерахиска служба.

Понатаму, Светиот синод продолжително и подробно се занимаваше со прашањето на противканонскиот упад на Црквата на Русија во границите на духовната и пастирска јурисдикција на Александриската патријаршија на африканскиот континент, во координација на т.н. „Патријаршиски егзарх на Африка“ од Московската патријаршија, Митрополитот Клински Леонид Горбачев.

По исцрпна дебата и разговор, Светиот синод реши да го расчини од високата служба на архиереството бившиот Митрополит Клински Леонид, поради низа канонски престапи (упад во јурисдикцијата на древна Црква, осветување на антиминси, разделување на свето Миро, купување со пари на домородни клирици – дури и расчинети, заговор, етнофилетизам и др.) и ги осуди новопојавените еклисиолошко-политички „теории“ за пастирствување на рускиот свет по целото потсончевие, врз основа на националната припадност.

На крај, после многумесечното игнорирање и молк од страна на Московскиот патријарх г. Кирил кон писмените протести на Блаженејшиот Папа и Патријарх Александриски испратени до него, да си ги повика назад испратените од Север во Африка „егзархиски органи“, Претстојателот на Александриската Црква времено го прекинува спомнувањето на името на Московскиот Патријарх.

Заседанијата на Светиот синод на Александриската патријаршија ќе продолжат утре, 23 ноември.

Од Секретаријатот на Светиот синод

ИЗВОР

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *