Александар Рашковиќ, независен кандидат: Модернизација на зелениот пазар-нова градска гордост

Date:

Share post:

Александар Рашковиќ, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од ТМРО, претстави дел од својата предизбона кампања. Еден од приоритетите му е модернизација на зелениот пазар, за како што вели да биде урбан и современо дизајниран објект.

-Зелениот пазар ќе добие нов, модерен лик — четирикатна зграда со современ дизајн, која ќе го задржи духот на традицијата, но ќе понуди чист, функционален и урбан пазарен простор достоен за европска престолнина, Новиот комплекс предвидува: Подземна гаража со капацитет за над 150 возила. Приземје – простор за локални производители, цветари и органска храна. Прв кат – пазарна зона со зеленчук и овошје, со природна вентилација, стаклен покрив и широки патеки за купувачите. Втор кат – дел за млечни производи, месо, риба и пекарски производи, со високи хигиенски стандарди и ладилни системи. Трет кат – модерно кафе и ресторан со панорамски поглед кон градот, место за одмор и дружење. Четврти кат – зелена тераса со дрвја, урбана градина и соларни панели, најавува Александар Рашковиќ,  кандидат за градоначаник и носител на листа за град Скопје.

Со овој проект, Зелениот пазар ќе стане најмодерниот урбан пазар во регионот – каде традицијата на скопските продавачи ќе живее во ново, достоинствено и инспиративно опкружување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...