Почетна Вести Албанскиот Архиепископ за прв пат ја посети Света Гора
Албанскиот Архиепископ за прв пат ја посети Света Гора

Албанскиот Архиепископ за прв пат ја посети Света Гора

358
2

Архиепископот на Тирана и на цела Албанија Анастасиј е на поклоничко патување на Светата Гора. Ова е негова прва посета на Атос од моментот кога тој ја раководи Албанската Православна Црква.

Архиепископот Анастасиј бил топло и торжествено пречекан во согласност со атонската традиција, а од страна на Протоепистатот на Света Гора, старец Варнава, членовите на Свештената Епистасија, претставниците на 20 – те атонски манастири, како и граѓанскиот гувернер на Атос, Аристос Касмироглу.

После молебниот во соборниот храм на Светата Гора, Архиепископот Анастасиј и делегацијата на Албанската Црква се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица „Достојно ест“.

Потоа, гостите од Албанија го посетија објектот на свештениот Кинот и поразговараа со членовите на свештената Епистасија и претставниците на атонските манастири.

Поклоничката посета на Архиепископот Анастасиј на Атон продолжува. Од Кареја тој ќе се упати кон манастирот Ксенофонт.

Коментар(2)

  1. Званични назив ове помесне Цркве је: “Православна аутокефална Црква у Албанији(alb. Kisha Orthodhokse Autoqefale e Shqipërisë)”, а не Албанска Православна Црква како често наводите. Етнофилетизам је јерес и развијен је поготово у словенским Православним земљама. Што се пре ослободимо тог нациналног у Цркви биће боље.

  2. А, СРПСКА православна црква во Република Македонија (која, официјално е независна и суверена држава) не е проблем, нели?!
    Што поскоро си ги излечите комплексите, тоа подобро!

Напиши одговор на Јован Вазов Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *