Здравствената состојба на албанскиот архиепископ Анастасиј и понатаму е критична, покажува најновиот медицински билтен на болницата „Евангелисмос“, каде што тој беше хоспитализиран, откако му беше влошена здравствената состојба.
Архиепископот Атински и цела Грција Јероним во саботата го посетил архиепископот Анастасиј за да му посака брзо закрепнување.

