Почетна Вести Регион Албанскиот архиепископ ја направи најмодерната болница во Тирана
Албанскиот архиепископ ја направи најмодерната болница во Тирана

Албанскиот архиепископ ја направи најмодерната болница во Тирана

832
0

Албанската православна црква веќе 20 години управува со еден од најмодерните медицински центри во Албанија, во кој од 1999 година досега поминале повеќе од 1,5 милиони пациенти, без разлика на нивната вероисповест.

Една од првите работи кои Албанскиот архиепископ Анастасиј, сакал да ја направи откако во 1992 година е назначен на тронот на Албанската црква е токму создавање на медицински центар за грижа на  албанските граѓани, христијани и нехристијани, пишува отец Илија Макос во статија објавена во грчките медиуми.

Две години подоцна Архиепископот Анастасиј ја основа првата православна клиника во Тирана која го носи името на Светиот Евангелист Лука. Во 1999 година прераснува во најмодерниот православен дијагностички центар и од тогаш повеќе од 1,5 милиони луѓе, или месечно по околу 6000 поминале низ него.

Во 2000 година еден американски хирург го создава и првото хируршко одделение во овој медицински центар.

Во меѓувреме Албанската црква создава и во други градови помали вакви медицински центри од повеќе области на медицината.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *