Архиепископот Тирана и цела Албанија, Анастасиј итно бил хоспитализиран во Атина поради влошување на неговата здравствена состојба, јавуваат грчките медиуми.
95 годишниот поглавар на Албанската црква на 30 декември беше примен во болница во Тирана со симптоми на сезонски вирус. Меѓутоа, неговата состојба се влошила и со воен хеликоптер бил префрлен во атинската болница „Евангелисмос“.
Анастасиј беше хоспитализиран во Атина и во 2020 година кога се зарази со коронавирусот.

