
373
0
Во неговата неделна проповед во Катедралата во Тирана, албанскиот архиепископ Анастасиј ги коментираше новите мерки за спречување на инфекција со коронавирус, од кои дел е и задолжителното носење маски во затворено, вклучително и во црквите.
-Нека нашето внимание е насочено кон Христа, да не се занимаваме премногу со тешкотиите. Да ги носиме маските за да го заштитиме нашето здравје, но да ги избегнеме маските од секаков вид лицемерие што ги загадува опасно човечките односи. Господ нека ни даде сила да ја надминеме ова неволја и да не се грижиме. Повеќе верба, повеќе разбирање и повеќе трпеливост. И сè ќе биде добро “, истакна архиепископот.