Албанската црква застана зад проруската црква во Украина

Date:

Share post:

Светиот синод на Албанската православна црква ја поддржа Украинска православна црква, чии активности неодамна беа забранети во Украина.

„Прогонот, затворањето, сквернавењето на светите места, конфискацијата на црковниот и манастирскиот имот се брутални дејствија. Тие стануваат уште побрутални кога ги наметнуваат законодавните тела на демократските земји. Законот бр. 8371/24.8.2024 година, неодамна донесен од Украинскиот парламент очигледно има за цел да ја укине канонската Украинска православна црква“, се наведува во соопштението на Светиот синод на Албанската православна црква.

Во соопштението се предупредува дека на овој начин се врши прогон на неколку милиони украински православни верници, епископи, свештеници, монаси и монахињи, кои сите под раководство на митрополитот Онуфри се членови на Црквата која е „Една, Света, Соборна и Апостолска “.

„Ние, страдајќи со нашите прогонети браќа, многу се молиме за крај на крвавите битки кои го повредуваат целиот украински народ без исклучок, како и за укинување на овој апсурден закон, за да надвладее мирот и единството на Православието. за да го исполни своето сведоштво низ светот“, наведува во соопштението на Светиот синод на Албанската православна црква.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој се забрануваат активностите на верските организации поврзани со Руската Федерација во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...