
Албанската влада и Албанската православна црква почнаа со обнова на одделни објекти од Византискиот период, кои се наоѓаат во јужниот дел на земјата.
Стручни лица тврдат дека голем број стари албански православни цркви и уметнчки дела во нив се оштетени, бидејќи со децении биле оставени на забот на времето.
– Голем број од црквите се наоѓаат на живописни локации, а состојбата во која тие се наоѓаат ја отсликуваат политичката ситуација во Албанија во текот на минатиот век – јавуваат локални медуми, посочувајќи го како еден од многуте примери црквата „Свети Атанасиј“ во селото Лесница.
Во тој божји храм, веќе е изграден нов кров, а во тек се реставраторските работи на фреските.
Црквата во Лесница е украсена со фигури на светци со златни ореоли и библиски сцени во темно сина и црвена боја. Се верува дека е изградена во 1797 година, но врз основа на фреските се претпоставува дека е постара.
Повеќе од 60 отсто од албанските граѓани се припадници на исламската религија, а останатите се христијани.
За време на комунстичкиот период било забрането верското изразување а многу цркви и џамии биле урнати.По падот на комунизмот во Албанија признати се православната, католичката, исламската и бектешката верска заедница.