Почетна Вести Христијанство Алармантно: По ѕидовите на „Света Софија“ растат треви, во „Свети Димитрија“ има ризик од пожар, во „Свети Гаврил Лесновски“ протекувањето ги загрозува фреските, во…
Алармантно: По ѕидовите на „Света Софија“ растат треви, во „Свети Димитрија“ има ризик од пожар, во „Свети Гаврил Лесновски“ протекувањето ги загрозува фреските, во…

Алармантно: По ѕидовите на „Света Софија“ растат треви, во „Свети Димитрија“ има ризик од пожар, во „Свети Гаврил Лесновски“ протекувањето ги загрозува фреските, во…

2.66K
2

Македонија е преполна со стари, прекрасни цркви. Но, загрижувачка е состојбата кај дел од нив.

За ова алармира комитетот ИКОМОС Македонија. Потребни се посебни мерки за заштита на дел од македонските цркви и манастири од пропаѓањето, е заклучокот кој може да се изведе од денеска промовираната база на податоци од страна на ИКОМОС.

Стручните тимови на оваа организација лани и годинава извршија посети и ја оценуваа состојбата на 707 црковни градби како дел од проектот „Мониторинг на православното културно наследство“. Организацијата во која членуваат бројни експерти е дел од Меѓународниот комитет на ИКОМОС со седиште во Париз кој е најголемата светска стручна невладина организација во сферата на заштитата и конзервацијата на културното наследство. Биле посетени повеќе од половината од вкупниот број на регистрирани и евидентирани цркви и манастири во сите осум епархии на МПЦ-ОА што се наоѓаат во Македонија. За секој од објектите е објавен детален извештај за тоа каде се наоѓа, кога и од кого е направен, но и за тоа во каква состојба се наоѓа. Извештаите укажуваат дека состојбите во некои цркви и манастири се загрижувачки и бараат итна интервенција.

Така, на пример, за црквата „Свети Андреа“ кај Матка се наведува дека е загрозена од слевањето на вода.

-На својата западна страна, црквата се  граничи со планинската стрмнина којашто е директно прилепена до објектот.  При врнежи од дожд водата се слева внатре во објектот, при што настануваат проблеми поврзани со капиларната влага во самиот ентериер… Заради постоење на влага и несоодветен мебел, постои закана за оштетување на живописот, се предупредува во извештајот.

За најпознатата македонска црква „Света Софија“ во Охрид, пак, е наведено дека по неа има вегетација.

-Дрвените затеги на егзонартексот се со видливи оштетувања, има отпаднати делови од фуги на сите страни од црквата, а присутна е вегетација на ѕидовите и на покривот, укажуваат експертите во својот извештај.

За манастрирот „Свети Наум“, пак, е предупредено дека столовите за верници кои се поставени во наосот не смее да се допираат до фреско-сликарството бидејќи го уништуваат.

-Потребно е да се одвојат од фреско-сликарството, а доколку има можност, одредени столици и да се отстранат. Да се отстрани металната (лимена) натстрешница и да се најде посоодветно решение за просторот за палење на свеќи, се вели во препораката.

За, исто така, познатата црква „Свети Јован Боголсов“ во Канео се предупредува на дотраената инсталација.

-Во ентериерот поставена е стара дотраена електрична инсталација и осветлување, како и несоодветни држачи над западниот влез во црквата, пишува во извештајот.

За манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка е наведено дека загрижува палењето на свеќите.

-Загрижувачки впечаток остава палењето свеќи во внатрешниот дел на црквата. Треба да се забрани палење свеќи во внатрешноста на црквата, препорачуваат експертите.

Посебно предупредување се дава за скопската црква „Свети Димитрија“ кај Камениот мост.

-На северниот ѕид, во централната горна зона, во отворот кадешто е поставен вентилатор, евидентно е слевањето на вода којашто штетно делува по ѕидното сликарство. Има мали оштетувања на капителите од столбовите во галеријата. Има испреплетеност на внатрешните видливи инсталации: електрични, греење, ладење и се можен ризик од пожар, се алармира во извештајот за овој црковен објект.

За познатиот манастир „Свети Гаврил Лесновски“ пишува дека сликарството во повисоките партии на црквата, односно во наосот директно под куполниот простор на лаците е скоро целосно неповратно загубено.

-Доколку не се запрат протекувањата од покривот, кои се главен проблем, има закана од губење на други делови од сликарството по ѕидовите и можна целокупна загуба или во најмала рака сериозни оштетувања, стои во објавата.

Кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези кај Скопје, пак, на сите четири фасадни ѕидови од црквата видливи се црни вертикални траги од лишаи, настанати како последица од сливањето на дождовна вода од оловните сливници.

Инаку, ова се само дел од забелешките…

Ќе се среди ли сето ова наскоро?

/Скопско еxo

Коментар(2)

  1. Пари… Владиката Тимотеј изјави за јавноста пред година-две дека МПЦ има доволно финансиски средства за да гради станбени објекти, луксузни згради на своето земјиште зад ГТЦ во Скопје и да прави врши други финансиски трансакции како инвеститор во големи нецрковни проекти со кој би се умножувал нејзиниот капитал за да може да се користи поцелисходно во црковни цели (претпоставувам, за да има доволно за мисии што бараат поголем прилив на пари). Од друга страна едно време некаков Завод за заштита на културното наследство беше неприкосновено надлежен за најубавите византиски градби, и се говореше дека за нивно одржување и реставрација бара енормни средства со кои Црквата не располага, во секој случај тој Завод има одлучувачка надлежност, но не и финансиски средства за да ги обавува своите обврски. Се сеќавам и на гласините дека реставраторот на манастирската црква на Пресвета Богородица на Матка иако масно си наплатил за својата работа, подметнал фалшливи керамиди наместо оригиналните, кои наскоро покажале оштетувања итн., (човекот беше навидум добро воцрковен, ќерка му беше монахиња во некој православен манастир во странство); дури во текот на процесот го распрашуваа познавачите колку (до кое рамниште) ќе ги реставрира фреските, а тој одговори: “Колку што ќе платат”, што значело дека може само да ги исчисти напластените наслаги (не знам дали и степенот на квалитетот на таа работа го мери според висината на неговиот хонорар), но и да ги освежи, или дури да ги доведе најблиску можно до оригиналот (што е направено безмалку во сите манастирски храмови на Метеори, кои не беа ни оддалеку во таква блескава состојба пред неколку децении, пред да ги реставрираат). Нема оправдување за лошите законски решенија ниту за префрлањето одговорност, за запуштеноста и небрежноста (ако е од небрежност). За основно домаќинско работење потребни се пред се’ добри навики. За една од најубавите византиски црквички што сум ја видела во тиквешкото село Дреново на пр. (со многу необичен ентериер) кога ја видов во запуштена состојба надлежниот Владика рече дека не смее да ги смени ни дрвените внатрешни скали без да го ангажира Заводот (што верувам дека радо би го сторил, со оглед на тоа колку многу се потруди на ова поле на други места). Сигурно дека чесната и добронамерна соработка на Заводот за заштита на културното наследство и Црквата е во основа правилно поставена рамка за доброто и непречено одржување на тие скапоцени дела на древната православна архитектура и фрескопис, но верувам дека ако надлежноста И’ се додели на Македонската Православна Црква, далеку подобро ќе се грижи за нив, и нема да ги заобиколува експертите. Владата на Никола Груевски дарежливо ги обесштети финансиски сите црковни епархии според имотот што го поседувале пред комунистичката експропријација (иако не добија сите еднакво, туку според големината на одземениот имот, некои добија по неколку милиони евра). Оттогаш црковното градителство особено процвета, но повеќе во облик на манастирски конаци, придружни црковни објекти, нови храмови и сл., има и нови квалитетни фрескописи во црковни храмови кои не се законски ограничени да бидат видоизменети. Секако, време е да се преземат барем основните мерки, а еден по еден објектите да се реставрираат во потполност.

  2. Зошто МПЦ да вложува во реставрирање на црквите кога најпрофатибилно е да формира телевизиска куќа. Државата нека му ја мисли за состојбата на храмовите а дедовците нека мислат што опрема да купат за телевизијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *