Почетна Вести Ислам Алаѓозовски: Ќе се стопира реконструкцијата на Али Пашината џамија
Алаѓозовски: Ќе се стопира реконструкцијата на Али Пашината џамија

Алаѓозовски: Ќе се стопира реконструкцијата на Али Пашината џамија

181
0

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски кој денес имаше средба со директорите на институциите од култура во Охрид изјави дека ќе биде стопирана реконструкцијата на пет века старата Али Пашина џамија во Охрид, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние ќе го стопираме проектот за да видиме и за да најдеме заедничко решение. Не би дозволиле таму да се гради, а самото градење да предизивка етнички тензии и тоа да биде надвор од законските процедури. Во таа смисла сме јасни“, изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Министерот Алаѓозовски рече дека државата и тие како министерство немаат ништо против обновата на културно историските споменици.

„Ние немаме ништо против обновувањето и заштита на културното наследство вклучувајки ги тука и верските објекти, но се согласуваме и сакаме да се спроведува законската процедура. Слободата на вероисповест е гарантирана со уставот, но за жал ваквите прашања се експлотираат и за покренување на меѓуверски и меѓуетнички тензии. Ние повеќе сакаме да ја гледаме културата и културното наследство како заедничко богатство кое не зближува. Во таа насока би било и нашето идно постапување, да ги смириме тензиите, да се држиме до законите и судбината на Али Пашината џамија да ја вратиме во рамките на она што го нудат законските процедури“, рече Алаѓозовски.

Реставрацијата на Али-пашината џамија се финансира од Генералниот директорат на вакуфи на Република Турција (Genel Vakiflar Müdürlüğlü).

РЕАКЦИИ ОКОЛУ РЕСТАВРАЦИЈАТА НА АЛИ ПАШИНАТА ЏАМИЈА

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, неодамна, во изјава за АА ги отфрли обвинувањата на граѓанското здружение „Совест“, истакнувајќи дека реставрацијата на Али-пашината џамија во Охрид се врши во целосна согласност со законите и според професионално подготвен проект којшто претходно ги добил сите потребни одобренија.

Претходно, граѓани на Охрид, организирани и поддржани од страна на граѓанското здружение „Совест“, реагираа за начинот на којшто се врши реставрацијата на Али-пашината џамија во Охридската чаршија, и за градежните активности околу објектот, за коишто тие тврдат дека се спроведуваат без соодветна дозвола од надлежните институции.

Поранешната директорка на Зaвoд и Музеј Охрид Паскали-Бунташеска, во писмена изјава ги отфрли обвинувањата на здружението на граѓани „Совест“, и тврдеше дека реконструкцијата на Али-пашината џамија се одвива според стручно изработен проект за којшто се добиени сите потребни одобренија.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *